ПСЖ на крилја на неверојатните Килијан Мбапе и Лео Меси славеше на гостувањето кај Марсеј со 3-0 во 25. коло од француското првенство, но остана без значаен играч откако повредата ја обнови Преснел Кимпембе.
Францускиот репрезентативец кој пропушти голем дел од сезоната поради повреда во 15. минута при спринт падна на теренот и се пожали на голема болка, а по прегледите утврдено е дека станува збор за обновување на поведата на ахиловата тетива.
„Ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната. Веднаш знаевме дека станува збор за тешка повреда“, коментираше тренерот Галтие.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА