Нов хаос и прекин во АБА-финалето: Судиите се повлекоа во соблекувалната

Мајсторката од финалната серија во АБА-лигата донесе нови инциденти откако голем број навивачи почнаа со фрлање на тврди предмети кон теренот по една досудена лична грешка во рекетот на Црвена Звезда.

Навивачите беа бесни на неколку судиски одлуки, а ситуацијата ескалираше откако на Калиниќ му беше досудена четврта лична грешка. Прекршокот над Лесор беше очигледен, но приврзаниците на „црвено-белите“ го искористија моментот за огромен број на предмети да полетаат кон теренот, а судиите со трчање се повлекоа во соблекувалната.

Претходно, второто полувреме доцнеше десетина минути поради одбивањето на навивачите да се повлечат од редовите што мораше да бидат празни поради казната на Црвена Звезда од претходниот домашен меч, а се очекува најновиот прекин да трае уште повеќе.

Во моментот на прекинот резултатот е израмнет, 39-39, а Лесор треба да изведе две слободни фрлања за Партизан.

Се вчитува...