Нов хаос на Лука Јовиќ: Скара која може да ја плати прескапо

Српскиот фудбалски интернационалец, Лука Јовиќ повторно се најде во центарот на вниманието на шапнската јавност, а може да се соочи и со казна од Реал Мадрид откако си направи проблеми објавувајќи фотографија на Инстаграм од домашан „собиранка“ и скара со пријатели.

Шпанските медиуми веднаш реагираа затоа што тој прекршува дел од протоколите порпишани од Ла Лига. Според нив, играчите треба да го напуштаат домот само од спортски причини, а во домот не смеат да се држат со луѓето кои не се дел од семејната заедница.

Јовиќ брзо реагираше и ја избриша фотографијата, но веќе има доволно докази за неа. Дополнтелно што Србинот има скршеница на ногата и не е дел од групните тренинзи на Реал Мадрид. Тој претходно беше во проблеми откако од Мадрид отиде во Белград на роденденот на девојката прекршувајќи ги сите протоколи на матичната држава за зашита од коронавирусот. Се очекува и реакција од Реал Мадрид.

Се вчитува...