Нов хаос во Барселона: Фудбалерите категорично одбиваат намалување на платите

Нема крај на проблемите во Барселона. Челниците на каталонскиот клуб повторно се во „војна“ со фудбалерите кои не ја прифаќаат одлуката за намалување на платите.

Раководството на Барселона донесе одлука за намалување на платите на фудбалерите во висина од 30%, како една од мерките за стабилизација на клубот поради огромните загуби предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Но, фудбалерите категорично се спротиставиле на сето тоа.

Лионел Меси и поискусните играчи во тимот, Пике, Бускетск, Алба…, одбивајќи го предлогот потенцирале доколку се случи тоа веќе во јануари ќе бараат нови фудбалски средини за себе. Согласно договорите, имаат право за заминување од клубот доколку добијат намалување на платите подолго од еден месец.

Барселона во моментов има долг од неверојатни 488 милиони евра, кој за помалку од една година е зголемен за 277 милиони евра. Каталонците во моментов живеат со позајмици и кредити од шпанските банки.

Се вчитува...