Нов хаос во Франција – Паје погоден со шише во глава, прекинат мечот Лион – Марсеј (ВИДЕО)

Нови циркуз се случува на натпревар на Олимпик Марсеј во француското првенство сезонава. По општата тепачка што се случи против Ница некаде на стартот на шампионатот, сега е прекинат и мечот на Марсеј против Олимпик Лион.

Ѕвездата на гостите, Дмитри Паје беше погоден со шише во глава уште во четвртата минута од натпреварот. Некој од фановите на домаќините фрли шише кон Паје кое заврши во неговата глава, а главниот судија на натпреварот веднаш ги испрати фудбалерите во соблекувалната.

 

 

 

Се вчитува...