Нов хаос во францускиот фудбал: Навивачи се тепаа, па влетаа на терен на дуелот Париз – Лион

ФРанцускиот фудбал сезонава дефинитивно го допира дното по серијата огромни инциденти кои резултираа со прекини на натпревари.

Последен во низата е вечерашниот дуел од Купот на Франција меѓу Париз и Лион, кој нема да се доигра вечерва по немирите на трибините на стадионот во Париз.

Инцидентот се случи на паузата меѓу двете полувремиња, а го иницираа гостинските фанови, кои најпрвин фрлаа чадни бомби кон домашните навивачи, а потоа тргнаа и физички да се пресметаат со нив.

Ова предизвика хаос на трибините, па околу илјада фанови се спуштија на самиот терен, по што официјалните лица решија играчите воопшто да не излегуваат од соблекувалните.

Се вчитува...