Нов испад на Гобер: На Французинот му се заканува суспензија

Кошаркарот на Минесота тимбервулвс, Руди Гобер би можел повторно да биде казнет поради критики кон судиите.

Францускиот центар не беше задоволен од судиската одлука во четвртата четвртина, кога му беше досуден фаул над Џамал Мареј. Гобер со раце алудираше на пари, обвинувајќи ги арбитрите дека се „поткупени“.

Поради сличен гест на 8. март на мечот против Кливленд доби техничка, а потоа НБА го казни со 100.000 долари.

Во соопштението беше објаснето дека отежнувачка околност за Гобер е тоа што со своето однесување и испади веќе го нарушил угледот на лигата. Инаку, Гобер имаше 11 поени и 14 скока во поразот на Тимбервулфс (115-107).

Серијата сега се враќа во Денвер каде што ќе се одигра петтиот натпревар од оваа серија.

Се вчитува...