Нов кикс на Лајпциг дома, Херта „украде“ бод

Лајпциг не може да победи дома по рестартот на Бундес-лигата. И во вториот меч на домашен терен ремизираше, овојпат Херта „украде“ бод играјќи 2-2. Лајпциг пропушти шанса да ја стигне Борусија Дортмунд на второто место и повторно доцни два бода зад „милионерите“.

Марко Грујиќ ги доведе гостите во водство во деветтата минута, Клостерман израмни во 24.минута, а Патрик Шик се погрижи за целосен пресврт во 68.минута, иако Лајпциг имаше играч помалку поради исклучувањето на Халстенберг. Сепак, Херта успеа да израмни од пенал во финишот, а стрелец на погодокот од белата точка беше Пјонтек во 82.минута.

Се вчитува...