Нов кикс на Ливерпул, сигурен Челси, меч на сезоната за Вест Хем против лутиот ривал

Ливерпул испушти нови значајни бодови во Премиерлигата ремизирајќи со 1-1 против Барнли во 22. коло.

Собозлаи испушти шанса да го доведе Ливерпул до предност во 32. минута кога не реализираше од белата точка, но во водство „црвените“ стигнаа во 42. минута благодарение на Вирц. За изедначување се погрижи Едвардс кој ја затресе мрежата во 65. минута поставувајќи го конечниот резултат.

За разлика од Ливерпул, Челси беше сигурен на домашен терен против Брентфорд славејќи со 2-0 со головите на Жоао Педро и Палмер.

До огромна победа стигна и Вест Хем Јунајтед кој славеше над својот најголем ривал Тотенхем со 1-2, забележувајќи ја само четвртата победа во сезоната.

Самерсвил го отврои натпреварот во 15. минута пред Ромеро да донесе домашно изедначување во 63. минута. Победоносниот гол беше дело на Вилсон кој ја затресе мрежата во 93. минута.

Во останатите натпревари:

Лидс – Фулам 1-0
Сандерленд – Кристал Палас 2-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...