Натпреварот од шестото коло во ракометната Лига на шампионите меѓу Нант и Загреб е одложен. Поради заболени од COVID-19 во хрватскиот состав ЕХФ донесе одлука средбата да не биде одиграна како што беше предвидено в четврток. Дополнително ќе биде одреден нов термин за средбата меѓу тимот на Кире Лазаров и Загреб. Ова доаѓа откако хрватскиот состав објави дека има заболени двајца првотимци.
Позитивни случаи има и во тимот на Мешков Брест и екипата оди во карантин. Натпреварот на белорускиот тим против Елверум секако беше одложен затоа што во норвешка има рестриктивни правила за заштита од коронавирусот и со тоа на Елверум му се компликума враќањето во земјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА