Нов корона-проблем за Брестовац пред Финска и Швајцарија

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац се соочува со нов корона-проблем пред стартот на подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство 2022 против Финска и Швајцарија.

На последните тестови позитивен е македонски репрезентативец кој беше член на националниот тим на последното Европско првенство. Овој ракометар дефинитивно отпаѓа од конкуренција за настап на претстојниот двомеч, со што значително се ослабува бековската лнија на стартот од новиот квалификациски циклус.

Претходно, Брестовац имаше корона проблем и во стручниот штаб, па поради корона протоколите овој пат тој ќе остане без помошта на Матлиевски и Царчев. Утре се очекува да се собере целата репрезентација која заедно ќе одработи два тренинга пред првиот меч против Финска кој се игра в среда во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Се вчитува...