Енди Мареј навистина нема среќа со повредите во последните години, откако британскиот тенисер настрада за време на настапот на Мастерс-турнирот во Мајами.
Тој загуби со 1-2 во сетови на дуелот со Томас Мачак, беше очигледно дека ветеранот со потешкотии се движи во финишот од мечот, а деталните прегледи покажале целосно кинење на лигаментите во пределот на скочниот зглоб. Мареј претходно планираше сезонава да му биде последна бидејќи сака уште еднаш да игра на Вимблдон, но по оваа сериозна повреда сега е неизвесно дали тој ќе може да се рехабилитира навреме за настап на британскиот гранслем турнир.
И покрај големото разочарување, Мареј е решен да ја продолжи кариерата не дозволувајќи повредата да значи и негово тениско пензионирање.
„За време на последниот меч во Мајами се здобив со целосно кинење на лигаментите во скочниот зглоб. Се враќам дома каде по консултациите со специјалистот ќе одлучиме за следните чекори во рехабилитацијата. Јасно е дека ќе паузирам, но дефинитивно ќе се вратам повторно да играм тенис. Ќе се вратам и ќе играм со еден колк и без лигаменти в зглобот кога ќе добијам зелено светло од лекарите“, објави Енди Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА