Нов ЛШ дуел во Будимпешта: Манчестер Сити и Менхенгладбах во главниот град на Унгарија

„Пушкаш Арената“ по натпреварот помеѓу Ливерпул и Лајпциг повторно ќе биде место на двобој помеѓу англиски и германски тим, откако денеска УЕФА потврди дека реваншот од осминафиналето во ЛШ помеѓу Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах ќе биде одигран во Будимпешта.

Како причина за истото повторно се јауваат мерките во Германија поврзани со коронавирусот кои налагаат дека лицата кои се враќаат од Велика Британија мораат да поминат десетдневен карантин.

„УЕФА им се заблагодарува на Борусија Менхенгладбах и Манчестер Сити за соработката и поддршката, како и на Унгарската фудбалска федерација за помоштта“ – стои во соопштението.

Реваншот помеѓу овие два тима е закажан за вторник, 16. март со почеток од 21 часот, натпревар на кој четата на Пеп Гвардиола ќе влезе со предност од 2-0, стекната на првиот натпревар одигран во Германија.

Се вчитува...