Нов малер во Дебрецин: Се повреди Филип Кузмановски

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Малерите на македонската репрезентација во оваа групна фаза во Дебрецин продолжија и за време на третиот меч во „Феникс Арена“ против светскиот првак Данска.

Македонија почна супериорно и поведе со 4-0 над големиот фаворит, но во 12. минута остана без еден од главните играчи, Филип Кузмановски. Одличниот бек настрада во една ситуација додека Македонија беше во напад, болката во пределот на скочниот зглоб беше очигледна, па асот на Хановер со помош на соиграчите го напушти теренот.

На Кузмановски и десетина минути по повредата се уште му се укажува лекарска помош крај аут-линијата, па речиси сигурно е дека тој нема да може да се врати до крајот на овој натпревар.

Се вчитува...