Нов малер за Работнички – се повреди и Караџовски

На проблемите на Работнички во финалната серија со МЗТ Скопје како да им нема крај. Димитар Мираковски во „цивилка“ го следи вториот меч од клупата, а веќе во првата минута Марин Докузовски остана и без помошта на Димитар Караџовски.

Искусниот плејмејкер настрада при една од првите акции на натпреварот, веднаш се пресели крај клупата за резерви, а по укажаната лекарска помош беше утврдено дека повредата воопшто не е наивна и не се очекува Караџовски да се врати на теренот до крајот на натпреварот.

Актуелните шампиони се обидуваат да се реваншираат за поразот од првиот меч (80-44), но јасно е дека без помошта на двајцата искусни кошаркари шансите за такво нешто драстично се намалуваат.

Се вчитува...