Нов мега-трејд во НБА: Пол Џорџ се сели во Оклахома

Расел Вестбрук следната сезона ќе има нов партнер во тимот откако Дурант го остави на цедило минатата година, во Оклахома сити тандерс пристигнува Пол Џорџ. Индијана се согласи на размена, а за возврат Пејсерс ги добива Виктор Оладипо и Домантас Сабонис.

Иако се претпоставуваше дека Џорџ ќе биде новиот лидер на Лејкерс, со што и самиот посакуваше трејд во „градот на ангелите“, Индијана одлучи да не соработува со крилниот кошаркар во неговата последна година од договорот. Сега Оклахома ќе треба да одлучи дали ќе го продолжи договорот со Џорџ, или само ќе го искористат оваа сезона, ќе одлучат неговите настапи.

Џорџ во Оклахома доаѓа со педигре на супер-ѕвезда. Четирикратниот Ол-стар кошаркар во последниве пет сезони беше предводник на екипата на Индијана со просек од 28 поени по натпревар, 8 скока и 7 асистенции. Со овие импресивни бројки беше вистински лидер на франшизата, а сега истото од него го очекуваат и фановите на Тандерс.

Ова е трет голем трејд во НБА ова лето, по Џими Батлер кој замина во Минесота од Чикаго, и Крис Пол кој се пресели во Хјустон од екипата на Клиперс.

Се вчитува...