Нов мурал посветен за Брајант – Десетте правила на Коби (ФОТО)

Кошаркарскиот свет и понатаму не може да се опорави од смртта на НБА легендата, Коби Брајант кој загина во трагична хеликоптерска несреќа. Чест на големиот кошаркар му оддаде и НФЛ тимот од неговиот роден град Филаделфија (Иглс) кој му посвети преубав мурал. Покрај фотографијата од Коби на муралот се наоѓаат и т.н. десет правила на поранешниот ас на ЛА Лејкерс.

1. Биди подобар секој ден; 2. Докажи им дека грешат; 3. Работи на слабостите; 4. Употребувај го тоа што си го вежбал; 5. Учи од најголемите; 6. Учи од победите и поразите; 7. Вежбај на своето внимание; 8. Биди амбициозен; 9. Верувај во својот тим; 10. Научи како да ја раскажеш приказната;

Се вчитува...