Нов навивачки револт кон Вардар – најверните плаќаат, за останатите гага!

Најверните вардарови навивачи изминативе денови не го кријат револтот поради смешниот начин на кој раководството на Вардар се одлучи да ја покрива срамната посета на историскиот прв натпревар против Зенит на нашиот најголем стадион, сега со одлука за утрешниот натпревар против Реал Сосиедад да се делат гратис билети за Јужната трибина на „Филип Втори“.

Додека оние најверните уште пред повеќе од еден месец купуваа блок-билети, или поединечни билети, по прилично „солени цени“ за домашните услови, сега многумина добиваат гратис билети. Тоа е „мудрата ПР стратегија“ која ја измисли раководството на „црвено-црните“ за да го покрие срамот од првиот дуел во Лигата на Европа. Најверните, лојалните, најискрените ќе плаќаат – за останатите ќе има гратис!

Токму поради тоа е нагласен револтот меѓу „вардарци“ изминативе денови искажан преку социјалните мрежи…

Вардарова колекција - напис

За многумина е изненадувачки, како што тврдат, што воопшто се тргнати од слободна продажба билетите за Јужната и за Источната трибина…

site da go vratime fk vardarПринт 

Инаку, и за Северната трибина која е во слободна продажба, според информациите од „Тикетплус“, останат е и повеќе од половина капацитет на Север. Според последните информации, останати се 6.000 билети, од вкупниот капацитет од 11.000 билети за Северната трибина.

На првиот натпревар против руски Зенит минатиот месец, Вардар беше бодрен од смешна бројка од околу 13.000 гледачи… По тој дуел, самиот Сергеј Самсоненко на прес-конференција ден по мечот истакна дека клубот имал лоша ПР кампања за тој натпревар и ќе се корегира за следниот. Како е корегирано се гледа, еве, пред дуелот со Реал Сосиедад!

Се вчитува...