Нов нокаут на Златибор: МЗТ потопен од Подгорица

Вториот натпреварувачки ден од АБА2 турнирот донесе ново разочарување за македонските екипи, откако МЗТ Скопје беше поразен од Подгорица со резултат 72-74. „Металците“ влегоа како фаворити во овој меч, но не успеаја да ја оправдаат ваквата улога, потфрлија во реализацијата во клучните моменти и на крајот претрпеа пораз. Пресуди слабата напаѓачка партија на капитенот Стојановски (0/9 за тројка) и почетничката грешка на Гравет при последниот напад на македонскиот првак.

По грчот на отварањето на натпреварот кој се одрази на двата тима, втората четвртина донесе добар ритам на двата дела од теренот. Аеродромци брзо влегоа во проблем со лични грешки, Стојановски и Гравет направија два фаула уште во првата четвртина, Олуџоби нанижа три, додека Бакоч ја заработи својата четврта во вторите десет минути, па „сино-белите“ не беа во можност да ја играат својата игра. Проблемите со личните грешки се одразија на високите позиции и донесоа лесни поени во рекетот на МЗТ Скопје, Црногорците шутираа добро и за три поени, меѓутоа незапирлив на спротивната страна беше Андрија Бојиќ кој со 20 поени во првите 20 минути доминираше под одбрачот на Подгорица па МЗТ Скопје на полувремето замина со преднсот од 40-38.

На отворањето на второто полувреме МЗТ Скопје успеја да го наметне своето темпо, составот на Кочов заигра многу подобро во транзиција, проработе и шутот за три поени па во еден момент „штрковите“ стигнаа и до предност од седум поени (61-54). Противниците не се предадоа, напротив со добриот шут зад линијата 6,75 направија серија од 11-2 со што тимот од Црна Гора дојде до предност од 63-65 и најавија неизвесна завршница во која се играше кош за кош се до 28 секунди до крајот кога Подгорица стигна до предност од 70-73. Гравет постигна два поени за 72-73, по што следеше бркотница на теренот во која „сино-белите“ изгубија драгоцени секунди пред да направат лична грешка. Мусиќ реализираше едно слободно фрлање, меѓутоа во последниот напад Гравет ја загуби топката, па на крајот на семафорот стоеја конечните 72-74.

Најрасположен во „сино-белиот“ дрес беше Андрија Бојиќ со 24 поени и 9 скока, додека Тодрик Гочер забележа 21 поени и 7 скока. Како двоцифрен со 14 поени и 5 асистенции натпреварот го заврши и Хасани Гравет.

Во следното коло, в четврток, МЗТ Скопје ќе се соочи со тимот на Сутјеска.

Се вчитува...