Нов, овојпат поубедлив пораз на македонските кошаркари од Полска

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена и на вториот контролен натпревар против Полска одигран во Белград, покажувајќи ги целосно слабостите на селекцијата.

После вчерашниот пораз од 81-97, денеска Полска уште повеќе доминираше, и го доби мечот со убедливи 84-52. Клучно за овој висок пораз на македонската селекција беше втората четвртина која Полјаците ја добија со убедливи 30-9.

Македонија потфрли во многу сегемнти, особено во ефикасноста и во нападот. Ниту еден македонски кошаркар не постигна двоцифрен број на поени.

Селекцијата сега се враќа во Скопје на завршни подготовки пред заминувањето во Талин каде што во претквалификациите за ОИ ќе играме против Израел, Естонија и Чепка.

Се вчитува...