Нов план: Македонија – Косово дури во ноември!

Секое влошување на состојбата со коронавирусот ширум Европа дополнително ги компликува плановите за продолжување на фудбалската сезона, нешто на што УЕФА инсистира за да не дојде до уште поголеми финансиски загуби за клубовите, националните федерации, како и за самата европска куќа на фудбалот.

Откако стана јасно дека ќе биде невозможно да се почне со фудбал наекаде низ Европа на почетокот од јуни беа повторно откажани дуелите од Лигата на Нации, меѓу нив и за нас историскиот натпревар меѓу Македонија и Косово. Најавите велеа дека овој меч ќе се игра на почетокот од септември, но според последните информации овој натпревар ќе се игра дури во ноември 2020 година.

Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ во денешното издание ексклузивно го објави заедничкиот план на УЕФА и на ФИФА, за утврдување на термините за сите репрезентативни настапи во следните две години.

Според овој план, јуни веќе не доаѓа во предвид, но септември ќе биде резервиран за почетокот од новата сезона до Лигата на Нации. Наместо првичната ждрепка, која предвидуваше да се игра во период од три месеци, два натпревари месечно, со новиот план ќе се играат по три меча месечно, а целата Лига на Нации ќе заврши во октомври 2020 година.

Со тоа ќе се ослободи термин во ноември 2020 година да се играат плејоф натпреварите од ова натпреварување за ЕВРО 2020, меѓу нив и пресметката меѓу Македонија и Косово.

Ждрепката за СП 2022 во Катар ќе се одржи на 29 ноември во Цирих, а во март 2021 година репрезентациите ќе играат по три квалификациски средби од новиот циклус.

Се вчитува...