Нов подвиг на Феникс – земен скалпот и на ТФТ

Феникс 2010 и по четвртти пат сезонава успеа да го одбрани домашниот терен откако во 8. коло славеше над ТФТ со 90-85. ‘Жолто-виолетовите’ ја имаа контролата во поголемиот дел од натпреварот, одолеаја на налетот на гостите и сосема заслужено стигнаа до нови два бода.

Доброто движење на топката носеше лесни поени за ТФТ на отварањето на натпреварот, но Феникс 2010 ја зацврсти одбраната и одигра агресивно на бековската линија и го промени текот на мечот. Избраниците на Дервишевиќ влегоа и расположено со шутот за три поени, најдоа и пробив во рекетот па по 10. минути игра имаа негатива од само еден поен (25-26). Благодарение на офанзивниот скок и решенијата во рекетот гостите останаа во предност на отворањето на втората четвртина, но како што одминуваа минутите домаќините преку расположениот Џоунс кој постигна 13 поени во вторите десет минути успеаја да го превземат водството.

Домаќините најдоа и решение за зонската одбрана на противникот па стигнаа и до ‘комотна’ предност која на полувремето можеше да биде двоцифрена доколу Онуорах не направи лош неспортскити прекршок, кој воедно за него беше втор на мечот. ТФТ поентираше и во последниот напад на првото полувреме за негатива од само шест поени (51-45).

Вториот неспортски прекршок на центарот на Феникс значеше и исклучување на Американецот од натпреварот, а вo полза на домашниот тим не беа ниту трите лични грешки на Морган. Недостатокот од агресивност во рекетот го искористија гостите кои влегоа и во серија зад линијата 6,75 за сведување на негативата на само еден поен. Сепак, домаќините во вистинско време ги консолидираа своите редови и не дозволија ТФТ да го наметне своето темпо при што се крена и реализацијата во нападот, па предноста беше задржана и по 30 минути игра (73-72).

Израмнетиот меч на кој се играше ‘кош за кош’ продолжи и речиси до последната минута, а пресуди одличната одбрана на Феникс што дозволи еден поен за повеќе од три минути игра. Феникс имаше проблеми со нападот во завршницата, на домашниот состав успеа да стигне до предност од 88-85 на 11 секунди до крајот. ТФТ имаше шанса за изедначување, но избраниците на Смилковски не ја изведоа топката за пет секунди со што беше потврдена одбраната на домашниот терен, за нова огромна радост на избраниците на Дервишевиќ.

Џонс со 30 и Морган со 17 поени беа најефикасни во редовите на Феникс, а Николов и Смит со по 16 поени беа први стрелци во таборот на ТФТ.

Се вчитува...