Македонскиот фудбалски прволигаш АП Брера го доживеа и третиот пораз на подготовките во Турција откако денеска загуби од полскиот Рух со 2-1.
По првото полувреме полјаците имаа предност од 1-0, а во 57 минута зголемија на 2-0. Само една минута подоцна Брера намали преку Марио Костов.
Ова за македонскиот прволигаш беше трет пораз откако претходно загубија и од Черноморец Одеса (3-1) и Верес (3-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА