Нов пораз на Куманово во БИБЛ

Македонскиот кошаркарски прволигаш Куманово го запиша и вториот пораз во главната фаза од БИБЛ лигата откако вечерва на домашен терен загуби од израелски Хапоел Холон со 74-83.

Кумановци на пет минути до крајот на мечот имаа минимална предност од 69-68, но не успеаја да издржат до крајот и да успеат да го изненадат големиот фаворит.

Ливингстон и Марковски со по 15 поени беа најефикасни кај домаќините, додека кај гостите Максин де Зеув заврши со 22 поени.

Се вчитува...