Нов пораз на Вардар (2-3) во Аланија, загуби и од Александрија

Македонскиот вицепрвак Вардар доживеа уште едне пораз на подготовките во Аланија. Денешниот тест против украинскиот тим Александрија „црвено-црните“ го загубија со 3-2. По првиот дел Александрија имаше водство од 1-0, потоа Украинците постигнаа уште еден погодок, а Вардар успеа да израмни со головите на Мицевски и на Лира. Сепак, на крајот Александрија дојде до триумф од 3-2.

Тренерот Александар Васоски им даде шанса на сите фудбалери, а најголемиот проблем се чини дека ќе биде одбраната.

Вардарци в понеделник ги заокружуваат подготовките во Аланија и се враќаат во Скопје.

Се вчитува...