Нов пораз за охриѓани во АБА-2

Кошаркарите на АВ Охрид запишаа уште еден пораз во регионалната АБА-2 лига. Охриѓани на домашен терен беа поразени од словенечкиот тим Приморска со 58-94.

Словенците се меѓу фаворитите за пласман во плеј-офот во ова натпреварување, а фаворитската улога ја потврдија и во дуелот со Охрид во кој беа убедливо надмоќни од почеток до крај. Гостите ефикасно го отворија натпреварот и со серија тројки поведоа со 0-13, а потоа рутински ја задржаа предноста до финишот.

Ферме со 18 и Морина со 13 поени беа најефикасни во победничкиот тим, а кај АВ Охрид се истакна Рос со 22 поени.

Во следното коло од АБА-2 лигата, АВ Охрид му гостува на Борац.

Се вчитува...