Дали ќе успее: Роналдо „брка“ прв гол против Меси во ЛШ

Јувентус и Барселона денеска на „Камп Ноу“ ќе одиграат нов, втор меч во групната фаза од Лигата на шампиони. Гигантот од Торино ќе пристигне во Каталонија со својата најголема ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој ќе има нова нов предизвик, да постигне прв гол во Лигата на шампионите кога за противник го има Лео Меси.

Португалската ѕвезда досега постигна 750 голови во кариерата и е најдобар стрелец во историјата на најелитното натпреварување во Европа. Сепак, КР7, никогаш нема постигнато гол против Меси на натпревар од Лигата на шампионите. Статистиката вели дека двајцата најдобри фудбалери на денешницата имаат одиграно пет средби во елитното европско натпреварување, Меси постигнал три гола на овие натпревари, а Кристијано се уште го чека својот „првенец“.

Ова ќе биде нивна прва директна средба откако Роналдо го напушти Реал Мадрид и се приклучи на Јувентус летото 2018 година. 35-годишниот играч го пропушти првиот натпревар во Торино уште во октомври, бидејќи имаше позитивен тест за коронавирус.

Роналдо и Меси досега одиграа 33 натпревари еден против друг. Аргентинецот победи на 15 од нив, постигнувајќи 21 гол. Роналдо постигна 18 гола и има победено на девет натпревари во сите натпреварувања против Барселона.

Се вчитува...