Нов проблем: Барди се повреди пред дуелот со Косово

Главоболките на Игор Ангеловски пред бараж-дуелот со Косово се зголемија откако Енис Барди се повреди настапувајќи за Леванте во Примера Дивизион. Одличниот играч за врска настапи на вчерашниот дуел со Гранада, но медицинскиот тим на Леванте денеска објави дека Енис заработи незгодна повреда.

„Барди е меѓу четворицата фудбалери кои се пожалија на повреди. Тој има умерено истегнување на скочниот зглоб на десната нога. Повеќе детали ќе се знаат по прегледите по неколку дена“, соопштија клупските лекари на Леванте.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово ќе се игра на 26 март во Скопје, Барди е планиран како првотимец на „црвено-жолтите“ на оваа средба, па јасно е дека доколку се покаже дека повредата е посериозна, тоа ќе биде сериозен удар за шансите на Македонија за позитивен резултат и пласман во финалето од Лигата на Нации.

 

Се вчитува...