Нов проблем за Баерн: Гнабри треба да ги каже контактите, кој да оди во изолација

Германскиот репрезентативец Серж Гнабри е позитивен на коронавирус, веднаш е изолиран, но се појавува нов поголем проблем за европскиот првак Баерн Минхен откако локалните здравствени власти на Баварија инсистираат тој да ги соопшти сите контакти во изминатиот период. Тие исто така ќе мораат да заминат во десетдневна изолација како мерка за спречување на ширењето на Covid-19.

Ова значи дека најголем дел од фудбалерите на Баерн Минхен се дел од примарните контакти на Серж Гнабри во изминатите неколку дена. Доколку тие мораат да заминат во изолација иако имаат негативни тестови на коронавирус, тогаш ќе се појави огромен проблем за тренерот Ханси Флик.

Баерн Минхен вечерва ја почнува одбраната на круната во Лигата на шампионите. На „Алијанц арена“ гостува Атлетико Мадрид.

Се вчитува...