Нов проблем за Конте: Мозес паузира еден месец

Челси се повеќе го губи чекорот во трката за титулата во Премиер-лигата, а згора на тоа се зголемуваат и проблемите на Антонио Конте со повредите на дел од стандардните фудбалери. Нголо Канте ќе паузира уште речиси еден месец од терените, а на последниот дуел со Кристал палас повреда заработи и стартниот десен бек Виктор Мозес.

Камерунскиот интернационалец настрада на градското дерби, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускулот на ногата. Ова ќе значи пауза од најмалку еден месец од терените, период во кој Конте ќе биде принуден да му даде шанса за Запакоста.

Добра вест за италијанскиот стратег е што Алваро Мората почна да тренира со полн интензитет, па ќе биде во можност да настапи против Рома во рамките од Лигата на шампионите.

Се вчитува...