Нов проблем за Партизан: Смаилагиќ повторно повреден

Ален Смаилагиќ кој поради повреда го пропушти стартот на новата сезона, неодмана дебитираше за Партизан во Евролигата, а сега повторно го чека пауза поради повреда стекната на натпреварот против Барселона во елитното натпреварување.

Дваесетидвегодишниот Србин во обид да го спречи Кори Хигинс при самиот крај на мечот во Шпанија се пожали на повреда, а по деталните прегледи е утврдено дека станува збор за повреда на прстот на десната рака. Повредата ќе го оддалечи од теренот во следните шест недели со што тој дефинитивно го пропушта и големото дерби со Црвена Звезда во АБА-лигата, што на програмата е в понеделник.

Како потсетување, Партизан се уште го чека враќањето на Алекса Аврамовиќ кој поради повреда нема да биде дел од тимот до декември, како и Болша Корпивица кој има скршеница на десната рака.

Се вчитува...