Нов проблем за Реал Сосиедад: Вилијан Жозе позитивен на Covid-19

Бразилскиот напаѓач Вилијан Жозе е најновиот проблем за тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуасил. Тој е позитивен на Covid-19 и веднаш е изолиран од останатите фудбалери на тимот. Ова значи дека напаѓачот нема да биде подготвен за мечот од првото коло на Ла Лига против Валјадолид овој викенд.

Претходно, позитивен на коронавирусот беше и новото големо засилување Давид Силва. Клубот информира дека тројца фудбалери се враќаат во тренажан процес откако го надминале проблемот со Covid-19. Тоа се Аднан Јанузај, Микел Ојарзабал и Кевин Родригез.

Коронавирусот очигледно ќе прави многу проблеми за екипите во Шпанија и на стартот на новата сезона во Ла Лига.

Се вчитува...