Нов проблеми за Симеоне: Атлетико без Караско во двомечот против Јунајтед

Менаџерот на Атлетикот Мадрид, Диего Симеоне, доби уште една лоша вест во пресрет на дуелот во Лигата на шампиони. УЕФА го извести Атлетико дека ќе остане без Јаник Караско во дуелот против „црвените ѓаволи“.

Белгискиот офанзивец направи глупост против Порто во групната фаза, кога го турна Отавио. Главниот судија немаше избор и му го покажа патот кон соблекувалната.

Исклучувањето му донесе дополнителна казна, откако УЕФА го разгледа целиот случај. Според последните информации, Диего Симеоне нема да може да смета на него во осминафиналето и на потенцијалниот прв меч од четвртфиналната фаза.

Мадриѓани ќе бидат домаќини на 23 февруари, а потоа гостуваат на „Олд Трафорд“ на 15 март.

Се вчитува...