Нов рекорд: Роналдо сега е рамо до рамо со Меси

Кристијано Роналдо продолжува да урива рекорди со секој свој настап во дресот на Манчестер Јунајтед, по трансферот од Јувентус назад на „Олд Трафорд“.

Тој го отвори резултатот на вечерашниот дуел во Берн, со што Јанг Бојс стана вкупно 36. различен тим кому Роналдо му има дадено гол во Лигата на Шампионите. Со оваа бројка, Роналдо се израмни со Меси, кој исто така има дадено голови на 36 различни ривали во елитното европско натпреварување.

Денешниот гол беше вкупно 135-ти што Роналдо го има постигнато во Лигата на Шампионите во својата фантастична кариера.

Се вчитува...