Нов рекорд во Германија: Фудбалер на Падерборн со најмногу жолти картони во историјата

Албанскиот фудбалер од редовите на Падерборн, Клаус Ѓасула е нов рекордер по бројот на жолти картони во германската Бундеслига. 30-годишникот на денешниот меч против Вердер го доби својот 17-ти жолт картон во 27. натпревар со што стана апсолутен рекордер во Бундеслигата.

Албанецот ќе има шанса овој рекорд да го подобри бидејќи до крајот на сезоната останаа уште три натпревари.

 

Се вчитува...