Нов резултатски „карусел“ на „Паркот на принцовите“ – Барселона повторно води (ВИДЕО)

Барселона повторно има водство на гостувањето кај ПСЖ (2-3) во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Откако Каталонците имаа водство од 0-1 по првото полувреме со голот на Рафиња, „светците“ израмнија на 1-1 преку поранешниот фудбалер на Барса, Усман Дембеле во 48. минута. Само три минути подоцна ПСЖ стигна и до целосен пресврт со погодокот на Витиња во 51. минута.

Ново возбудување во мечот донесе Рафиња кој со својот втор погодок во 62. минута по неверојатната асистенција на Педри израмни на 2-2. Данецот Кристенсен по само две минути по неговото влегување во 77. повторно го доведев во водство гостинскиот тим 2-3.

Paris Saint-Germain 2 – [3] Barcelona – Andreas Christensen 77‎’‎
byu/ganiganiu insoccer

На вториот меч од денешната програма Борусија Дортмунд намалува на 2-1 на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Стрелец за „милионерите“ беше Себастијан Халер во 82. минута.

Се вчитува...