Нов шок: Фудбалерот на Ајакс кој колабираше, има мозочно оштетување

Фудбалерот на Ајакс, Апи Нури, кој колабираше за време на пријателскиот натпревар против Вердер Бремен, има сериозно оштетување на мозокот, и ќе остане под строг лекарски надзор, информираше клубот. Тој се уште се наоѓа во клиниката каде беше пренесен веднаш по немилиот настан.

„Ние сме загрижени поради вестите што ги добивме за Апи Нури, на кого му е дијагностицирано сериозно и хронично оштетување на мозокот. Во овие тешки моменти, клубот Ајакс со мислите е заедно со неговото семејство и најблиските пријатели, посакувајќи му Нури успешно закрепнување“, се вели во ставот на холандскиот клуб Ајакс.

Се вчитува...