Украинската тенисерка Марта Костјук ја елиминираше Ига Швjонтек во осминафиналето на Ролан Гарос. Моментално 15-та тенисерка во светот беше подобра од четирикратната шампионка, победувајќи со 7-5, 6-1.
Нејзина следна соперничка ќе биде подобрата од средбата меѓу Елина Свитолина и Белинда Бенчиќ.
Украинката успеа да го повтори најдобриот резултат на Грендслем турнирите и докажа дека неодамнешната титула во Мадрид не била случајна.
Првиот сет беше многу потесен од вториот, а Марта имаше брејк минус во два наврати. Од никаде, пред тајбрејкот, таа го зеде сервисот на Ига и поведе во овој натпревар.
Во вториот сет Костјук доминираше, и се пласираше во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
