Нов шок: Просинечки мора и на трета операција

Роберт Просинечки ќе мора да замине и на трета операција, во обид конечно да бидат разрешени сите проблеми што фудбалската легенда ги има со болките во стомакот. Селекторот на БиХ во изминатиот период беше два пати опериран поради болка во пределот на тенкото црево, а вчерашната контрола покажала дека поради ризик за обновување на проблемот Просинечки ќе мора повторно да замине „под нож“.

„Селекторот беше на контрола во Сараево. Точно е дека ќе мора повторно да биде опериран, зафатот е закажан за 15 февруари“ – потврдија од Фудбалската Федерација на БиХ.

Очигледно, проблемите со кои се соочува поранешниот фудбалски генијалец воопшто не се наивни и Просинечки допрва го очекува тешка борба за да може да добие зелено светло максимално да се посвети на селекторската функција.

Се вчитува...