Нов шок во Токио – Циципас елиминиран од Французинот Умбер

Олимписките игри во Токио завршија и за Гркот, Стефанос Циципас кој доживеа изненадувачка елиминација во осминафиналето на тенискиот турнир од Французинот, Уго Умбер. Францускиот тенисер беше подобар од третиот носител по пресврт со 2-1 (2-6, 7-6 и 6-2).

Гркот одлично го отвори мечот и многу брзо стигна до водство од 1-0 во сетови. Сепак, Французинот не се предаваше и успеа да израмни на 1-1 добивајќи го вториот сет во тај-брејк. По загубата на вториот сет во кој во последниот поен Циципас се слизна и доживеа мала повредно, едноставно не можеше да продолжи на високо ниво, а тоа го искористи Французинот за пласман меѓу осумте најдобри на игрите.

Таму Умбер ќе игра со Русинот Карен Хачанов кој беше подобар од Диего Шварцман од Аргентина. Пласман меѓу осумте најдобри обезбедија и вториот носител, Данил Медведев, како и Кеј Нишикори и Пабло Карено-Буста.

Се вчитува...