Нов шок за Ѓоковиќ – Србинот елиминиран во неговиот Белград

Новак Ѓоковиќ очигледно се уште не е подготвен за сезоната на земја. По елиминацијата од Даниел Еванс во Монте Карло, тој денеска доживеа пораз од Карасев во неговиот Белград. Русинот беше подобар од првиот светски рекет со 2-1, по сетови 7-5, 4-6 и 6-4.

Ѓоковиќ одлично го отвори првиот сет и поведе со 3-0, по што следуваше пад кој го искористи Карасев и дојде до водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет Србинот успеа да се врати од брејк негатива, но истото не успеа да го повтори и во третиот сет.

Останува да се види дали Ѓоковиќ ја темпира формата за Ролан Гарос или годинава нема да може да му се спротистави пред се на Рафаел Надал на гранд-слемот на земја.

Се вчитува...