Нов шок за Конте: И Ашраф Хакими е позитивен на Covid-19

Антонио Конте се соочува со нов проблем во пресрет на вечерашниот дуел со Борусија Менхенгладбах откако тренерот на Интер дозна дека нема да може да смета на услугите на Ашраф Хакими. Десниот бек е најновиот на листата на позитивни играчи на Интер на коронавирус, откако тестирањата во пресрет на денешниот натпревар донесоа нов шок за Конте.

„Хакими е позитивен и веќе се наоѓа во самоизолација. Тој ќе остане изолиран најмалку десет дена“, објави Интер.

Алесандро Бастони и Раџа Наинголан веќе го победија коронавирусот и почнаа со тренинзи со остатокот од тимот, но Конте од оваа причина се уште не може да смета на Јанг, Галјардини, Шкриниар и Раду.

Се вчитува...