Нов шок за Манчестер Јунајтед во Бергамо, Аталанта повторно води (ВИДЕО)

После 11 меча пост во Лигата на шампионите, Дуван Запата успеа да го скрши мразот и да постигне гол. И тоа против Манчестер Јунајтед. Голгетерот на италијанскиот тим избега на одбраната на Јунајтед, лоша реакција на дефанзивата, и погоди во мрежата. Голот беше на раб на офсајд, но ВАР покажа дека се е регуларно, и Аталанта славеше ново водство.

Дали овој пат ќе биде задржано до крај?

Се вчитува...