Нов шок за Реал Мадрид: И Милитао ги скинал лигаментите?

Пред неколку дена дојде шокантна вест за Реал Мадрид. Првиот голман Тибо Куртоа ги скинал лигаментите, и го чека пауза од неколку месеци, а ако биде се како што треба, би требало да се врати дури на крајот од сезоната.

Меѓутоа проблемите на „кралевите“ не престануваат. Поради повреда вчера Едер Милитао предвреме го заврши мечот со Атлетик Билбао. Бразилецот во солзи и со помош на медицинискиот тим на „кралевите“ го напушти теренот во Билбао.

Според првите информации, можно е да станува збор за истата повреда како Куртоа. Тоа го потврди и Карло Анчелоти после натпреварот.

„Милитао заработи повреда на коленото, која не изгледа добро. Дали се лигаментите? Не можеме да исклучиме ништо“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...