Нов гол на Националната Арена во Скопје, и повторно Струга ТЛ е во предност. Во 64. минута од средбата Шабани, стрелецот на првиот гол, асистира одлично до Компаоре, кој што со глава се „поклони“ и погоди во голот на Талески за ново водство на гостите.
Голот доаѓа само неколку минути по израмнувачкиот, одличен гол на Мато. Претходно истиот играч промаши и пенал, кој беше сомнителен, но Стојанов го потврди и по прегледување на ВАР снимката.
Претходно Шабани во раната фаза од мечот му донесе предност на Струга ТЛ, во 19. минута на асистенција на Фал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

