Нов скандал ја „тресе“ Шпанија, Пике ги шокираше фановите

Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике работел со претседателот на Фудбалсата федерација на Шпанија, Луис Рубиалес околу одржувањето на тамошниот Суперкуп во Саудиска Арабија. Во јавноста се објавени аудио записи кои укажуваат на нивна соработка.

Планот бил Пике преку својата агенција Космос да влијае ова натпреварување да се игра во Ријад и за тоа би добил шест милиони евра.

„Да видиме, кога се парите во прашање. Ако Реал би добил осум милиони … По ѓаволите, осум на Реал и исто толку на Барселона. Останатите се платени два и еден милион, тоа се вкупно 19. Ти даваш шест милиони на федерацијата и тебе ти остануваат шест. Ако ја истиснеме Саудиска Арабија, можеби ќе има уште. Ако не може, ќе кажеме дека Реал не доаѓа“, вели Пике на една од снимките.

Во ваков случај, Пике би добил 24 милиони евра за четири години, а вкупната добивка за Федерацијата изнесува 40 милиони евра. Суперкупот на Шпанија три години по ред се игра во Ријад.

Се вчитува...