Нов скандал на Кирјос – Седна на клупа и не сакаше да игра тенис (ВИДЕО)

Ник Кирјос обезбеди пласман во третото коло од турнирот Мареј Ривер Опен. Тој успеа да го победи Хари Буршје со резултат од 6-2 и 7-6. „Лошото момче“ на светскиот тенис повторно предизвика скандал. На крајот од вториот сет, поминаа 25 секунди за сервис и судијата го предупреди Кирјос. Ова толку го налути Австралиецот, што тој седна на клупата и одби да го продолжи натпреварот.

Наскоро, организаторите се појавија на теренот и го молеа Кирјос да го продолжи мечот.

„Изгубив доволно пари заради вакви судии“, рече Кирјос, кажувајќи му на судијата дека тој е само статист кој се грижи сè да оди како што треба.

По неколку минути Кирјос успеа да се смири, па спаси три сет-топки и успеа да обезбеди пласман во тертото коло, каде за противник ќе го има Борн Чориќ.

Се вчитува...