Нов скандал од Каталонија: Абидал и екс-претседателот на Барселона фатени во лага, трансплантацијата на црниот дроб не била легална

Пред неколку месеци одекна веста дека Абидал ја изневерил својата сопруга, но и дека брутално ја претепал неговата љубовница. Од Каталонија и денес одекнаа шокантни вести, откако во јавноста излезе информација дека Абидал лажел за неговиот донор.

Французинот се најде во центарот на нов скандал поради трансплантација на црн дроб што ја имаше пред десет години. На Абидал тогаш му се закануваше крај на кариерата бидејќи беше тешко болен, но на крајот успеа да направи трансплантација на црн дроб и да се врати на теренот, што беше огромна победа за поранешниот француски репрезентативец. Меѓутоа, десет години подоцна се појавија информации дека трансплантацијата на Абидал не била легална и дека тој лажел дека неговиот братучед донирал дел од неговиот црн дроб.

 

 

Шпански „El Confidencial“ објави дека токсикологијата покажала дека Абидал и неговиот донатор воопшто не се роднини и дека играчот на Барселона дал лажни информации. Наводно, постојат докази дека црниот дроб е незаконски купен преку поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел и дека целата приказна за наводниот братучед на Абидал е целосно измислена.

 

 

 

 

Се вчитува...