Нов скандал во Италија: Де Лаурентис и семејството пред можна казна за манипулации со трансферот на Осимен

Наполи се соочува со казна слична како Јувентус од пред неколку години откако обвинителството во Рим ја заврши истрагата за евентуална финансиска измама при трансферот на Виктор Осимен од Лил во Наполи.

Според информациите, Аурелио Де Лаурентис како и неколку члена не неговата фамилија и директори во Наполи се потенцијални обвинети за учество во реализацијата на спорниот трансфер во 2020 година. Официјалната сума за Осимен беше 70 милиони евра, но Наполи вештачки ја намалил таа сума за 20 милиони евра, со тоа што испратил четворица фудбалери во спротивна насока со што Наполи направил „плусваленца“ прекршок за кој во минатото казна доби Јувентус.

Како што информираат италијанските медиуми, покрај претседателот Де Лаурентис, обвинети се и неговата сопруга и двата сина поради нивните клупски функции, како и неколку членови на бордот на директори.

Доколку се докаже вината, Наполи се соочува и со одземање бодови но и можно исфрлање од Серија А, покрај и кривичните судски казни.

Се вчитува...