Нов скандал во Италија: Судија менувал одлуки во ВАР-собата

Италијанскиот фудбал не може без скандали, откако денеска беше објавено дека обвинителството во Милано покренало итрага против поранешниот судија Џанлука Роки, кој е под сомнеж дека незаконски влијаел врз конечниот исход на натпревари од Серија А во последните две години.

Против 52-годишниот Роки се подготвува обвинение за криминална завера и учество во спортска измама, со низа докази за неговото влијание врз судиите кои биле присутни во ВАР-собата.

Еден од примерите е мечот меѓу Удинезе и Парма на 1 март 2025 година, кога ВАР-арбитрите се подготвени да ја потврдат одлуката на терен (нема пенал). Постои видео доказ како Роки почнува да тропа на прозорецот на просторијата, а судијата Патерна веднаш штом го гледа се врти и вели – чист пенал… по што и главниот судија покажува на белата точка.

Постојат докази и за негова вмешаност за непокажаниот црвен картон на Алесандро Бастони од Интер на дуелот со Верона од пред неколку сезони, и покрај очигледното удирање со лакотот од страна на италијанскиот репрезентативец. Првиот план на ВАР-судиите е да го повикаат главниот арбитар за да покаже црвен картон, но наводно постојат докази дека Роки интервенирал, по што била испратена порака – играта да продолжи без никаква санкција за дефанзивецот на Интер.

Угледот на овој некогаш врвен италијански арбитар е целосно нарушен, а доколку се докажат обвиненијата на Роки му се заканува и затворска казна од две до пет години.

Се вчитува...